Македонија
Давидовски по трофејот на Монца: Кога си во иста секунда со победникот …

Македонскиот возач Виктор Давидовски ја привршува својата шеста сезона во најсилното европско натпреварување за автомобили на кружни патеки, а токму на легендарната патека Монца успеа да го освои првиот трофеј оваа сезона.
Претходно, Давидовски имаше ситуација да се бори за високи пласмани на трките во Алгарве (Португалија) и По (Франција), но еднаш беше удрен од ривал, а потоа имаше и дефект. Откако имаше голем судир на Хунгароринг (Унгарија), повторно доби шанса на втората трка возена на Пол Рикар (Франција), но и покрај тоа што водеше во трката, автомобилот ги изневери неговите очекувања.
– По многуте викенди со технички проблеми, судири и разни малери, задоволен сум што успеав да го реализирам потенцијалот со освојување на трофејот за третото место во првата трка. За неколку илјадити делови од секундата загубив дури две стартни позиции, откако поголемиот дел од квалификациите ги минав со најдобро време, но клубската политика е таква што податоците за штелувањата се достапни за сите, па тимските колеги можеа да го видат мојот сет ап. Не сакав да преземам многу ризици бидејќи овој подиум во Монца навистина го посакував, па само се грижев да го чувам Коронел зад мене во првата трка, но и тој возеше мудро со оглед на тоа што се бори за шампионската титула. Да се биде во иста секунда со победникот доволно кажува како податок.
Во втората трка Давидовски наместо од четвртото место стартуваше од седмата позиција, но сите возачи беа во една голема група и немаше големи разлики меѓу нив.
– Искрено, очекував повеќе од втората трка, но втората половина возев со вклучен аларм за можен дефект на ладилникот и не бев во ситуација да притискам како во првата. Механичарите ќе имаат работа да проверат дали се е во ред со моторот и дали ќе имам потреба од нов за идната трка, што би можело да ми донесе казна на стартот во Барселона.
Послендниот гран при викенд за оваа сезона ќе се вози на патеката Каталуња крај Барселона на 21 и 22 октомври.
-
Италија19 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија14 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија20 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет17 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП12 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)