Македонија
Давидовски одработи две тестирања во пресрет на ТЦР Европа

Виктор Давидовски минативе денови одработи две тестирања во пресрет на третата сезона од првенството на ТЦР Европа, каде што настапува за „ПСС Рејсинг“.
Согласно претходно објавениот календар, новата сезона започнува со трките на 1 и 2 мај во Спа Франкоршамп и ќе има вкупно седум гран при викенди со по две трки во секој од нив.
Во текот на февруари, тимот на „ПСС рејсинг“ веќе тестираше на патеката Золдер во Белгија, а на почетокот на март беше направено и тестирање во Франција на патеката „Пол Рикар“ која е позната и како домаќин на трките од Формула 1.
– Тестирањата ги изведуваме со минатогодишниот автомобил, но за новата сезона очекуваме ново возило. Лани важеше правилото дека на брзите трки до долги правци и брзи свиоци не бевме доволно конкурентни, па се надевам дека оваа година ќе имаме напредок во тој поглед. Останувам со Хонда Сивик, но за оваа сезона ќе имам нов тркачки инженер со кој веќе остваривме напредок во поглед на сетирање на автомобилот, поради што сум оптимист,- изјави Давидовски за „Дерби“.
Според информациите, досегашниот автомобил на Хонда беше со ознака ФК-007, додека новиот ќе има каросерија со ознака ФК-008 и придружен кит од нова генерација.
Тимот на „ПСС Рејсинг“ има во план да направи уште неколку приватни тестирања во пресрет на новата сезона, при што се планира посета на Спа франкоршамп и Ред Бул Ринг, кои всушност ќе бидат и двете први трки во новата сезона.
Давидовски минатата година во неколку наврати освојуваше бодови, па ја заврши сезоната со 9 бода на своето конто.
За новата сезона во ТЦР Европа најавено е дека ќе биде востановен и трофеј за најдобар возач аматер, при што во изборот влегуваат оние кои немаат поддршка од производителите и немаат освоени титули во минатите сезони.
-
АТП22 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија5 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија21 час
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Италија1 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија3 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија20 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија4 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!