АБА лига
„Црвено-белите“ пред дуелот со МЗТ: Тие се искусна екипа, ама нашите цели се јасни
МЗТ Скопје се враќа во елитната АБА лигата, а веќе на стартот има огромен предизвик, дуел со актуелниот шампион Црвена Звезда на негов терен во Белград.
Повеќе од јасно е кој е фаворит на овој меч, ама тоа ќе мора да се потврди на паркетот и за тоа се свесни во таборот на „црвено-белите“ кои го почитуваат клубот од Аеродром, ама воедно потенцираат дека сакаат утре да испратат јасна порака дека нивните амбиции се највисоки и во престојнава кампања.
-Сезоната започнува и на воведниот натпревар играме против екипата на МЗТ која меѓу двете сезони го засили својот ростер во кој има многу искусни играчи. Тим кој го сфаќаме многу сериозно. Сепак, знаеме што правиме, амбициите ни се познати, играме на домашен терен. Сакаме да го наметнеме нашиот ритам од самиот старт и да одиграме добар натпревар пред нашите навивачи кои ги повикувам да дојдат во салата во сабота навечер и да им дадат поддршка на момците на стартот на сезоната, изјави тренерот Влада Јовановиќ.
Сличен став има и капитенот Бранко Лазиќ.
-Во подготвителниот период одигравме неколку натпревари со прва и основна цел да влеземе во што подобра форма и да се подготвиме за стартот на сезоната. Нашите цели во АБА лигата се познати, но навистина мораме да одиме натпревар по натпревар бидејќи имаме исклучително напорна сезона со голем број на натпревари. Сакаме да одиграме добар натпревар против искусен тим, повратник во лигата, да се претставиме пред нашите навивачи на премиерата и да забележиме победа, -порача Лазиќ.
Црвена Звезда води со 11-1 во меѓусебните дуели со „металците“.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија22 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)