Мото ГП
Чудо во Холандија: Акоста застана на свои нозе откако беше прегазен од Роси на патеката (Видео)
Сабота е ден кој е предвиден за мото квалификациите во сите категории, но еден од денешните тренинзи пред мерењето на официјалните времиња донесе голема паника на патеката и црвено знаме.
Тренинг сесијата во Мото 3 шампионатот беше во прекин на патеката во Асен, бидејќи лидерот во генералниот пласман имаше страшен инцидент, а вистинско чудо е како остана жив.
Четири седмици по непријатниот пад и инцидент во кој младиот Депаскје го загуби животот, крвта одново им се заледи на мото фановите, бидејќи Педро Акоста денеска беше прегазен од страна на Рикардо Роси во моментите кога загуби контрола на стартот на целната рамнина.
Младиот тинејер од Шпанија има само 17 години и го претрпе најголемиот стрес во животот, бидејќи успеа да застане на свои нозе иако беше прегазен од противникот.
Лидерот во Мото 3 шампионатот веднаш беше испратен во болница, но поради повреда на грбот, не доби зелено светло да учествува на квалификации. Најдобра вест е што тој остана жив и што не видовме нова трагедија во Мото 3 шампионатот, натпрeварување кое се издвојува како најризично во последно време.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план