Поврзете се со нас

Шпанија

Чави со едноставна изјава призна дека е подготвен да се откаже од големата мета на Јувентус

Објавено

на

Доцна во ноќта пристигна информација дека Барселона регистриралa четири од петте големи летни засилувања, па сега ќе остане само да се дорегистрира и Жул Кунде кој последно беше промовиран на „Камп Ноу“.

Франк Кеси, Андреас Кристенсен, Рафиња и Роберт Левандовски ќе бидат во комбинација за Рајо Валјекано, исто како и Усман Дембеле и Серхи Роберто кои ги продолжија договорите со клубот ова лето.

Чави уште на самиот прес најави дека е голем оптимист за навремено решавање на ситуацијата, но говореше и за можните пристигнувања и заминувања до крајот на летниот преоден рок.

Тренерот порача дека Пјаниќ го убедил дека заслужува шанса и ќе смета на Босанецот за новата сезона, додаде дека максимално смета на Пјер Емерик Обамејанг, но сепак по се изгледа е подготвен да се откаже од Мемфис Депај за кого сериозна загриза Јувентус.

– Ќе видиме што ќе се случи со Депај, ќе мора добро да го размислиме и разгледаме тоа. Идеално би било да се затвори летниот преоден рок со стартот на сезоната во Ла Лига, но не е така. Има време до 31-ви август и нависитна не знам што се може да се случи до тогаш, – изјави Чави.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни