Шпанија
Чави директен за ситуацијата со Дембеле: Постојат две решенија…

Усман Дембеле влезе во последните месеци од договорот со Барселона, а тоа дефинитивно ја зголеми тензијата меѓу клубот и претставниците на играчот затоа што се уште нема одговор за подадената рака од страна на составот од „Камп Ноу“.
Шпанскиот великан сака да го задржи Французинот и му има понудено нов договор, наводно и офанзивецот сака да остане, но не под тие понудени услови кои не се прифатливи за агентот кој според него заслужува многу повеќе.
Барса не сака повеќе да чека, трпението е при крај, па и тренерот Чави Ернандез кој постојано беше зад играчот и јавно порачуваше дека во него гледа многу важен дел во новиот проект му откажа љубов или поточно побара да биде завршена оваа ситуација.
-Пораката е јасна. Дембеле мора да потпише нов договор или ќе најдеме начин да го продадеме во јануари. Нема друг начин. Она што можам да го кажам е дека носиме тешка одлука. Доколку не продолжи, клубот одлучил да донесе одлука. Долго чекавме, пет месеци разговаравме со него. Или ќе ja обнови соработката или ќе се бара решение.
-Бев многу искрен со него, не е лесна ситуација. Сè или ништо. Се чувствуваме лошо, но она што е на прво место се интересите на клубот. Не се размислува да остане на трибините. Бев многу јасен со Усман, -истакна Чави пред дуелот со Атлетик Билбао во Купот на Шпанија.
-
Шпанијапред 24 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Францијапред 23 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 24 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 20 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 16 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Лига на шампионипред 20 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 23 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 12 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја