Поврзете се со нас

Европски купови

Бутел пред тежок испит: Ќе брка пет гола негатива на реваншот во Скопје

Објавено

на

Бутел денеска ја одигра првата од двете планирани пресметки во двомечот со Алпла Хард, но лоша вест за македонскиот суперлигаш е што се враќа во Скопје со пет гола негатива.

Целта на Бутел беше да оствари подобар резутлат во Австрија и да брка победа на домашен терен во Скопје, но за да се пласира во Лигата на Европа на ЕХФ, сега ќе мора да оствари навистина убедлив триумф.

Поразот од 26:21 значи дека Бутел ќе брка минус пет на домашен терен на мечот кој се игра за точно седум дена, по кој ќе го дознаеме конечниот одговор за тоа кој тим ќе се пласира во групната фаза во Лигата на Европа.

Македонскиот претставник поведе со 0:1 и тоа беше единственото водство кое го имаше на овој натпревар, кој во продолжение беше диктиран од домаќините во целост.

Мајиќ со пет гола и Николов со еден помалку беа најефикасни во Бутел, додека нерешлива енигма за македонските играчи беше Лука Рашле кој постигна 10 гола во мрежата на гостите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни