Свет
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
Лионел Меси го избра Интер Мајами за негова нова дестинација во кариерата, потег со кој направи вистински бум во МЛС лигата, поточно САД и Канада.
Неговото доаѓање донесе и огромно зголемување на цените на билетите затоа што сите сакаат да го видат Аргентинецот кој пак во последните средби имаше проблеми и не можеше да настапи. Со ова разочара дел од навивачите, но за искусниот Серхио Бускетс е процес за кој луѓето мора да имаат разбирање, односно дека има ситуации во кои тие не можат да се појават на теренот.
-Ги разбираме луѓето и многу сме возбудени што доаѓаат, но ние не сме машини или роботи. Би сакале да играме секоја минута, но на крајот гледаме на долгорочното добро на тимот. Штета е за сите, не само за навивачите, -рече Бускетс.
Уште е неизесно дали Меси ќе може да му помогне на Интер Мајами во пресметката со Хјустон во финалето на Ју-Ес Опен Куп.
-Хендикеп е кога го немаш најдобриот играч на светот. Тоа прави значајна разлика во нашиот тим. Ќе чекаме утре и се надеваме дека ќе биде со нас и ќе ни помогне, но ако не, ќе имаме други членови на тимот и со нивните карактеристики, ќе се обидеме да ја направиме разликата и да бидеме најдобриот тим и да бидеме подготвени.
-Знаеме што е тој. Играме многу години. Сега знаеме еден со друг и знаеме што сакаме еден за друг и се трудиме да си помогнеме на најдобар начин. Секогаш е задоволство да се работи со него и да се игра со него, -порача играчот за врска.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план