Англија
Букмејкерот „Winbet“ му дава сериозна предност на Ливерпул за освојување на „Комјунити Шилд“
Првиот ден од сезоната 2020/21 во англискиот фудбал ќе биде оваа сабота, на 29 август, кога шампионот Ливерпул ќе се сретнат со победниците на ФА купот Арсенал на легендарниот стадион „Вембли“, како учесници на финалето од „Комјунити Шилд“.
Букмејкерот „Winbet“ му дава сериозна предност на Ливерпул за освојување на трофејот, бидејќи коефициентот за победа на „црвените“ е 1.67, додека успехот на Арсенал е оценет со 4.90. Од англиската фудбалска асоцијација објавија дека судијата Андре Маринeр ќе ја дели правдата на овој „двобој“, што е негово второ назначување на овој супер-куп натпревар.
Дуелите од „Комјунити Шилд“ често се потценети и се поистоветуваат со пријателски натпревар пред стартот на сезоната, но вистината е дека ниту една екипа не сака да испушти шанса да освои нов трофеј за нивната витрина. Минатата сезона „црвените“ испуштија да го освојат пехарот, бидејќи загубија од Манчестер Сити. Но, овој пат тие влегуваат во дуелот како актуелни прваци на Премиер лигата и се определени како фаворити за триумф во ова издание.
Финалето се игра на „Вембли“ на 29 август, а ќе стартува во 18.30 часот. Постојат многу гласини и шпекулации за тоа дали навивачите ќе добијат дозвола за враќање на трибините, како дел од планот за нивно враќање на стадионите. Тоа подразбира дека треба да се запазат мерките за социјално дистанцирање од еден до друг, како и можност да се забрани скандирањето за да се спречи ширењето на Ковид-19.
Овој натпревар ќе биде вистински испит, како за Микел Артета, така и за Јирген Клоп, кои во моментов работат на засилување на составите, подготвувајќи се за новата кампања. Иако ова е финале, идеална е можноста за испробување на нови формации, како и за давање шанса на новите играчи да покажат што умеат и колку можат да и помогнат на екипата во една официјална средба. Во целина, нема значителни промени во двете екипи, па се очекува да бидат видени во познат лик. Тренерот на клубот од Мерсисајд, Јирген Клоп, можеби ќе му даде шанса на новодојденецот Константинос Цимикас, кој дојде од Олимпијакос, а пред кого е тешка задача да се избори за место во стартната постава со Енди Робертсон. Од друга страна, Арсенал го привлече искусниот Вилијан кој беше „слободен агент“ по истекот на договорот со Челси. Ќе биде интересно да се види крилниот напаѓач во комбинација со Обамејанг и Николас Пепе во нападот на „топчиите“. Микел Артета речиси со сигурност ќе го стави Бразилецот во игра, бидејќи се очекува негов голем придонес во офанзивната игра на Арсенал. Сепак, дали Вилијан ќе остави сериозен печат на играта на „топчиите“ во неговиот прв официјален натпревар за тимот, останува да се види во сабота.
Малкумина знаат дека и Ливерпул и Арсенал го имаат освоено пехарот во „Комјунити Шилд“ по 15 пати, па годинешново финале ќе му даде предност на еден тим. Манчестер Јунајтед е единствен клуб кој го освоил трофејот 21 пат. Последен пат фудбалерите на Арсенал биле победници во 2017 година, додека „црвените“ последен пат славеле освојување на трофејот во 2006 година. Затоа, на Клоп нема да биде многу лесно да го однесе тимот до нов трофеј за клупските витрини.
По мечот од финалето на „Комјунити Шилд“, предвидена е еднонедела пауза од 2 до 10 септември, а новата сезона на Премиер лигата ќе стартува на 12 септември. Ливерпул ќе ја започне сезоната како домаќин на Лидс, додека Арсенал ќе гостува кај Фулам.
-
Италија7 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија8 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија9 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија8 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија6 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Шпанија10 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Балкан6 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет5 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!