Поврзете се со нас

Европски првенства

Бугарите предизвикаа хаос во Софија, Унгарија со гол во 97. минута се пласираше на ЕП (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/EURO2024

Натпреварот во Софија беше одбележан од голем хаос надвор од стадионот поради нередите кои ги создадоа лутите навивачи кои протестираат против раководството на Федерацијата, но иако Бугарија беше блиску до прекин на црната серија, на крајот остана без три бода.

Унгарија успеа да израмни на 2:2 во 97-та минута со автоголот на Петков, а тоа беше златен гол за гостите поради фактот што им обезбеди пласман на завршниот тирнир во Германија.

Унгарците цели 44 години не знаеја за пласман на еден континентален собир, но сега прават голем успех такашто трет пат во низа се пласираат на Европските првенства.

Всушност, Унгарија е десеттата селекција која официјално обезбеди пласман за првенството на кое домаќин ќе биде Германија наредното лето, турнир на кое покрај овие две селекции, виза обезедија уште осум други.

Тоа се репрезентацииите на Англија, Австрија, Белгија, Шкотска, Шпанија, Франција, Португалија и Турција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни