Европски првенства
Будимир херој на „Максимир“, Хрватска се пласираше на ЕП (Видео)

Хрватската фудбалска репрезентација требаше да оствари било каква победа над Ерменија за да не зависи од резултатот на натперварот меѓу Велс и Турција, па иако не беше лесно, „коцкестите“ успеаја во намерата и се пласираа на Европско првенство.
Пред почетокот на ноемврискиот квалификациски прозорец, Хрватска чекаше една услуга и истата ја доби од Ерменија која во претходната рунда ремизираше со Велс 1:1, а вечерва со победа над истата селекција беше обезбеден билетот за уште еден голем турнир.
Тимот на Златко Далиќ доминираше во секој фудбалски аспект и заслужено оствари победа, иако при резултат 0:0 и гостите се заканија и ја заледија крвта кај фудбалските фанови на „Максимир“.
Големо олеснување дојде пред крајот на првиот дел кога долгата акција заврши со центаршут на Соса и гол на Будимир, по што напаѓачот на Осасуна се претвори во херој за хрватската селекција.
Резултатот не се менуваше до крајот и овој гол се покажа како клучен за нова голема победа, која ги носи Лука Модриќ и компанија на континенталниот собир во Германија.
Велс долго водеше над Турција и беше во игра за Европско првенство, но на крајот мечот заврши 1:1 и Турција е таа која како првопласирана во групата ќе игра на главниот турнир.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…