АТП
Бразилец разочаран од Ѓоковиќ: Не провоцираше на теренот, треба да има одредени граници
Новак Ѓоковиќ одличниот ден на Олимписките Игри во Токио го круниса со триумф во мешани двојки со Нина Стајановиќ.
Српската комбинација беше подобра од Марсело Мело и Луиза Стефани со 2-0 во сетови (6-3, 6-4). Меѓутоа по поразот Бразилците имаат што да кажат и се пожалија на однесувањето на првиот светски рекет.
-Ме изненади, ама на негативен начин. Немаше потреба од тоа. Пред два дена, тој сними видео во кое зборува за Бразил и Бразилците, за нашата енергија, а сега вака се однесува … Имаше смеч директно во мојот грб кој не мораше така да го одигра. Ама добро, ова е тенис и секој се обидува да го игра онака како што сака. Јас лично никогаш така не би играл.
-Постојат работи што не можам да ги разберам. Како и зошто? Не направивме ништо за тоа да го заслужиме. Во еден момент за малку ќе ја погодеше Луиза. Секако, ова се Олимписки игри, сè се случува на теренот, тој тоа го прави во играта, но треба да има одредени граници. Многу луѓе би се замислиле. Не сакам да создавам полемики и контровери, но секој што го гледал натпреварот и може да чита меѓу редови знае за што зборувам, -истакна Мело кој е специјалист за игра во двојки.
На ова краток коментар имаше Ѓоковиќ.
-Мело вели дека сум го провоцирал? Сериозно? Навистина немам никаков коментар на тоа, -порача Србинот.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план