Италија
Борха Валеро дебитираше во шеста италијанска лига: Ова е убавината на фудбалот! (Фото)
Борха Валеро до минатата сезона беше дел од италијанската елита и настапуваше за Фиорентина, но откако стана јасно дека нема да му биде продолжен договорот со клубот, самиот шпански играч објави дека заминува во пензија.
Всушност, главната причина поради која реши да не го продолжува договорот со Фиорентина е фактот што се почувствува зрел за пензија, но една необична понуда која ја доби ова лето, направи да се премисли и да не ги закачува копачките на клин.
Борха Валеро потпиша за Центро Сторико Лебовски кој се натпреварува во шестата италијанска фудбалска лига, а навистина интересно околу овој клуб е тоа што истиот е оформен во 2010-та година, и е во сопственост на група ентузијасти и фудбалски фанови од Фиренца.
Искусниот Шпанец пред неколку дена официјално дебитираше во шестата италијанска лига, по што ги откри и првите импресии за медиумите.
– Да бидам искрен, мислев да го оставам фудбалот, но во месец јуни, дојде интересна понуда од Центро Сторико Лебовски. Емоциите кои ги почувствував беа неверојатни и го прифатив предизвикот. Кога ги гледам сите тие луѓе на стадионот, како ги бодрат своите играчи во такви услови и во моменти на пораз, целиот сум потресен. Овие сцени кои ги доживувам тука се најдобриот дел од нашиот спорт, ова се емоциите кои ги носи фудбалот, – вели Валеро во интервјуто за „Ла Република“.
Borja Valero jugando en la 6ª categoría del Calcio por amor al fútbol popular y a la que ya considera su ciudad es todo lo que está bien. 💜 pic.twitter.com/MkZOXAXLUY
— Joel Sierra (@JoelSierra_) September 20, 2021
-
Италија22 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план