Поврзете се со нас

Меѓународни настани

Богоевски: Македонската делегација за ЕМОФ брои 181 член

Објавено

на

Централниот спортски настан во Македонија ова лето ќе биде Европскиот летен младински фестивал (ЕМОФ), а на 9 дена пред официјалниот старт на возбудувањата, една од последните најави ги направи извршниот директор, Александар Богоевски.

Скопје и Македонија се подготвени за прием на повеќе од 4200 членови кои ќе пристигнат од 50 различни делегации, а македонската очекувано ќе биде најбројна бидеќи брои точно 181 член.

Богоевски при гостувањето во Спортското радио 90,3 фм говореше за завршните бројки кои ги има за овој настан, при што откри дека има вкупно 50 делегации од различни земји.

– Нашиот стручен тим во организација при МОК брои повеќе од 100 луѓе за организација на настанот, тоа е сериозна бројка и тоа најдобро кажува колку е голем овој настан. Подготвени сме, во завршен стадиум сме на сите полиња, а за крај останаа припреми на неколку спортски сали и финални припреми за сместувачките капацитети. Исто така, од жива материја е и транспортниот план, па добиваме регулатива за тоа како ќе циркулира градот од 20-ти јули од страна на МВП и други институции.

Свеченото отворање на ЕМОФ е на 20-ти јули, а Богоевски вели дека најголем број на спортистите ќе пристигнат еден ден претходно.

– Најголем број од експедициите ќе пристигнат на 19-ти јули, некои делегации ден претходно, а само мал број на 17-ти јули. Има огромен број на луѓе, станува збор за голема логистика и многу зависи од летовите. Земјите учеснички се финални, ќе имаме 50 делегации, од кои една е и составена од мигранти. Вкупниот број на спортисти и учесници на делегации изнесува 4287, додека спортисти се 2952. Тоа е финална бројка во овој момент, но тоа може да се промени до крајот.

– Македонската делегација брои 181 член, а на други ЕМОФ случувања во странство сме имале по 7 или 8. Овојпат како домаќини има огромна разлика, имавме право да пријавиме спортисти во сите спортови и дисциплини, – изјави Богоевски.

Целиот разговор слушнете го ТУКА

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни