Свет
Блатер: Го загубивме фудбалот, го продадовме…

Некогашниот прв човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер не е среќен и задоволен од правецот во кој се движи најпопуларниот спорт на планетава.
Контроверзниот Блатер долго време беше прв човек на ФИФА, време во кое се случуваа позитивни и негативни работи, но според него сега фудбалот е продаден во Саудиска Арабија.
-Да, го загубивме фудбалот од Саудиска Арабија. Им го понудивме, а тие ни го одзедоа, -вели Блатер за РТЛ.
-Изненадувачки е што нема опозиција во организацијата. Во мое време, проблемите се дискутираа на конгреси, а одлуките се донесуваа на конгреси. Денес, нема дискусии на конгреси. Воопшто нема потреба да се одржуваат конгреси и да се покануваат луѓе, сè се прави електронски и никој ништо не кажува, -дополнува Швајцарецот кој нема добро мислење за Светското клупско првенство.
-Има премногу фудбал, секогаш истите клубови, истите играчи, кои треба да одмараат. Играа на екстремна жештина, тоа воопшто не е здраво. Не можете да им го правите тоа, мора да се грижите за здравјето на играчите, -подвлече Сеп.
-
Италија19 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија14 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија20 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет17 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија20 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)