Поврзете се со нас

Европски првенства

Бизарна повреда во најлош момент: Чешки стартер остана без дуелот со Македонија, но и без ЕП

Објавено

на

Foto:instagram.com/michalsadilek32

Михал Садилек беше предодреден да биде стартер за Чешка на престојното Европско првенство во Германија, но наместо да дојде до планираното сценарио, самиот фудбалер се погрижил за бизарна ситуација која сега го остава без големиот турнир.

Играчот за врска на Чешка е убедливо најголемиот малер во подготовките за Европското првенство, бидејќи не само што ќе го пропушти утрешниот контролен меч против Македонија, туку ќе остане и без континенталниот турнир.

Имено, како што откри фудбалската Федерација на Чешка, Садилек заработил неколку повреди во пределот на нозете по пад од велосипед, а тестовите кои му биле направени не биле воопшто оптимистички.

– Садилек за жал падна додека го возеше својот велосипед и се здоби со големи рани на ногата. Ова е голем удар за нас, бидејќи Михал беше еден од поискусните играчи во тимот.

– Не беше случајно што тој ја носеше капитенската лента на натпреварот против Малта пред неколку дена, – се вели во соопштението на Чесите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни