АТП
„Битка на половите“: Кирјос најави спектакл со најдобрата светска тенисерка

Били Џин Кинг и Боби Ригс го одиграле последниот меч на „двата полови“ во далечната 1973-та година, но пет децении подоцна, Ник Кирјос е подготвен за слична пресметка против најдобрата светска тенисерка.
Австралискиот тенисер долго е надвор од терените поради повредите кои го оневозможуваат да игра на највисоко ниво, но за крајот на годинава е решен да приреди тениски спектакл, и тоа против Арина Сабаленка.
Иако се уште нема точни детали за тоа каде би се одржал настанот, Кирјос во интерјвуто за „Ток Спорт“ сподели дел од моментите кои веќе ги разработиле со Белорусинката, која во овој момент атакува на прва титула на Вимблдон.
– Јас и Сабаленка размислуваме на „битка на половите“ и планираме да ја организираме подоцна во текот на годината. Во прв момент, теренот треба да биде помал во половината која ќе ја брани таа, а јас ќе имам право на само еден сервис.
– Нервозен сум кога зборувам за ова, бидејќи сигурно нема да биде лесно. Таа е во најдобра форма во нејзината кариера, – вели Кирјос.
-
АТП24 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП20 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија19 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Шпанија3 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Англија18 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија2 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Шпанија19 часа
Дефанзивецот на Реал кој направи катастрофална грешка против ПСЖ им се извини на фановите (Фото)