Поврзете се со нас

Шпанија

Билбао и Хетафе ремизираа на отварањето на новата сезона во Примера

Објавено

на

foto:x.com/mundodeportivo

Атлетик Билбао и Хетафе одиграа без победник во премиерниот меч во новата сезона во шпанската Примера.

Иако домаќините важеа за фаворити не успеаа да ги израдуваат навивачите на „Сан Мамес“, поточно мораа да се задоволат со бод и резултат 1-1.

Првиот дел му припадна на Атлетик благодарение на погодокот на Сансет во 27 минута. Во второто полувреме гостите беа поконкретни, а до посакуваниот гол дојдоа преку Уче во 64 минута.

Потоа во игра за Билбао влезе Нико Вилијамс кој имаше неколку добри потези и сериозен удар во 77 минута, меѓутоа не дојде до промена на резултатот.

Втората средба од 1. коло е закажана за 21:30 часот меѓу Бетис и Џирона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни