Англија
Бесните навивачи на Челси се свртеа против Покетино и извикуваа едно тренерско име од трибините (Видео)
Челси на драматичен начин загуби од Ливерпул во финалето на „Вембли“ пред една недела и неколку дена подоцна едвај го победи Лидс, а денеска повторно се мачеше на натпревар во Премиер лигата.
Иако поведе против Брентфорд и се чинеше дека ги контролира работите на теренот, тимот на Маурисио Покетино одново покажа голем пад во вториот дел, па набрзина прими два гола и домаќинот поведе со 2:1.
Ремек-делото на Виса сигурно ќе биде кандидат за гол на сезоната во Премиер лигата, а во тие моменти навивачите на Челси беа до толку бесни, што направи да бидат и најгласни на стадионот.
Гостинските фанови испратија низа навреди кон Тод Боли и Маурисио Покетино и побараа од менаџерот да си замине, но истовремено извикуваа и едно тренерско име како идеален наследник.
Навивачите обоени во сино го извикуваа името на Жозе Мурињо и побараа трет мандат за Португалецот на „Стемфорд Бриџ“, па овие коментари веднаш по мечот кој на крајот заврши 2:2 мораше да ги коментира и Покетино.
– Ми беше кажано што извикувале навивачите, јас не слушнав. Искрено ви велам дека не слушнав, но верувам во тоа што ми го кажаа. Губевме 2:1 и нормално е фановите да ја искажат својата фрустрација. Јас сум најодговорен како менаџер и предводник на овој тим. Мора да прифатиме како стојат работите во овој момент, ќе се обидеме да ја изградиме довербата врз остварени резултати. Ако почнеме да победуваме, односот ќе се поправи. Ќе продолжам да работам напорно и ќе ја променам актуелната ситуацијата, – порача Покетино.
jose mourinho Chant At The Away End🥺🥺🥺🥺🥺🥺🥺💙💙💙💙💙💙 pic.twitter.com/DSn29Hg5zk
— Shargi (@Sirshargi) March 2, 2024
Jose Mourinho chants in the #Chelsea away end 😬
pic.twitter.com/9DEhT3zfKb— Talk Chelsea (@talkchelsea) March 2, 2024
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)