Италија
Бесниот Алегри испрати јасна порака: Влаховиќ ќе добие казна од клубот!
Јувентус во најлош можен период влезе во сериозна резултатска криза и освои само седум бода на последните осум меча во Серија А, учинок кој не само стави крај на шампионските амбиции, туку сега предизвикува и страв за обезбедување на топ четири пласман.
Ремито со Џенова остава простор на Болоња да дојде на само минус пет од Јувентус, а ваквиот сплет на околности направил Макс Алегри да ги загуби нервите откако новинарите почнале да го притискаат со прашања за едноличната тактика која ја презентирал неговиот тим.
Алегри се разбеснил откако еден новинар го прашал зошто не отстапил од 3-5-2 системот во ситуација кога брка резултат, по што тренерот на Јувентус не се штедел и возвратил навистина дрско.
– Ние сме трети на табелата поради резултати кои сами ги заслуживме. Јас не знам да бидам новинар, но дали вие знаете што значи да се биде тренер? Јас не следам што се кажува во јавноста, јас го правам тоа што е најдобро за тимот. Не ви кажувам на вас како да си ја вршите работата, па немојте да ми кажувате и вие. Ако ми поставите поинтелигентно прашање, ќе ви дадам поинтелигентен одговор. Разочаран сум од резуултатите, но јас правам одлуки кои се добри за тимот, – изјавил нервозниот Алегри, кој на новинарите им потврди дека Душан Влаховиќ ќе заработи казна од Јувентус поради непотребниот црвен картон кој го заработи на крајот од мечот со Џенова.
– За жал, тој направи грешка и ќе биде казнет за тоа што го направи. Не му кажав ништо во соблекувалната по крајот на мечот, – порачал Алегри кој претходно му испрати сериозен поглед на Србинот кога направи глупост и доби два жолти картони поради протест во 30 секунди.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)