Лига на шампиони
Бербатов непријатно изненаден од Гвардиола: Никогаш не сум го видел во такво издание!
Четвртфиналните и полуфиналните возбудувања во Лигата на шампионите му оставија голем простор за анализа на Димитар Бербатов, легендарниот Бугарин кој редовно секоја седмица прави своја колумна како амбасадор за „Бетфер“.
Поранешниот напаѓач на Јунајтед во своето последно обраќање нагласи дека не гледа како Лионел Меси би завршил во друга средина ова лето, но сепак, во прв план се најде неговата посериозна критика која му ја испрати на менаџерот на Манчестер Сити.
Бербатов сметаше дека Сити е еден од главните фаворити за титулата во Лигата на шампионите, но „граѓаните“ беа шокирани во четвртфиналето и беа елиминирани од страна на Лион кој пак вчера загуби во полуфиналето од Баерн Минхен.
– Навистина многу ме изненадија тактичките промени на Гвардиола, првпат го видов во такво дефанзивно издание. Обично, Сити има свој стил на игра и истиот го применува без оглед на тоа кој е ривалот на спротивната страна. Овојпат, се виде дека премногу го почитуваа Лион и беа казнети за тоа.
– Гвардиола знае какви грешки направи, секогаш е тешко да бидете оној во кого сите гледаат, а сега ќе биде уште повеќе така откако четири пати по ред губи во четвртфиналето во Лигата на шампионите, – додаде Бербатов кој не исклучува и заминување на Шпанецот.
– Ако на крајот Гвардиола го напушти Сити, мислам дека Покетинот ќе биде тренерот кој ќе пристигне, – заврши Бугаринот.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон