Поврзете се со нас

Свет

Бензема и Роналдо стрелаа, ама Бергвајн го реши големото дерби во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ittihad

Составот на Ал-Итихад оствари триумф над Ал Наср од 2-1 во дерби средбата од 13. коло во Саудиска Арабија.

Ова беше дуел на добро познати имиња на двете страни, домаќините предводени од Бензема заедно со Канте, Фабињо, Рајковиќ, Бергвајн, Переира…гостите пак со Роналдо, Мане, Брозовиќ, Лапорт, Симакан, Отавио…а на клупите Лоран Блан и Стефано Пиоли.

На крајот домаќините беа тие кои на драматичен начин со гол во 91 минута се изборија за големи три бода, продолжување на победничката серија и задржување на лидерската позиција на табелата.

Бергвајн беше човек на одлука на натпреварот на кој пак претходно стрелаа ветераните Бензема и Роналдо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни