Италија
Белоти стана прекуброен кај Де Роси и експресно си пронајде нов клуб во Серија А (Фото)
Рома успеа да ги договори Анхелињо и Балданци за новиот проект на тренерот Даниеле Де Роси, но актуелниот предводник на „волчицата“ даде зелено светло и за заминување на Андреа Белоти.
Популарниот „петел“ доби нов договор од Рома по крајот на минатата сезона и покрај тоа што не брилјираше, меѓутоа Жозе Мурињо остана задоволен од залагањето на фудбалери и сметаше на него и во првиот дел од сезоната.
Белоти забележа 14 настапи за Рома од стартот на сезоната и запиша три гола и две асистенции, но очигледно му стана јасно дека стана прекуброен кај наследникот на Мурињо.
Поранешниот италијански репрезентативец ги искористи последните часови од зимскиот преоден рок за да направи трансфер, па веќе позираше како нов играч на Фиорентина.
„Виолетовите“ го добија потписот на искусниот напаѓач и го договорија како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, а планот е да дебитира уште со Лече на натпреварот кој се игра во петок.
‘Gallo’ Belotti is at the Viola Park 💜⚜️#forzaviola #fiorentina #violapark #belotti pic.twitter.com/RPQJpcPWKu
— ACF Fiorentina English (@ACFFiorentinaEN) January 31, 2024
-
Италија14 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија16 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија15 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија8 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет12 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Италија9 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина