АТП
Бекер за фаворитите на АО: Младите играчи се уште се плашат од Ѓоковиќ…

Пред нас е првиот грен слем за оваа година Австралија Опен, турнир кој во минатото го освојуваше легендарниот Борис Бекер.
Германецот знае што е потребно да се слави во Мелбурн, па како човек кој со внимание ги следи сите тениски случувања, настани даде прогноза околу фаворитите.
-Во машка конкуренција се Јаник Синер, Карлос Алкараs, Александeр Зверев и Новак Ѓоковиќ. Кај дамите Арина Сабаленка, Коко Гоф, Ига Швјонтек и Јелена Рибакина, -истакна Бекер кој потоа говореше за Ѓоковиќ со кого соработуваше во минатото.
-Новак секогаш оди на турнир за да одигра добро. Веќе нема што да докажува никому, особено по триумфот на Олимписките игри. Не верувам дека успехот во Париз го промени. Секогаш ќе се труди да даде се од себе и ќе престане да игра само кога ќе види дека повеќе не може да победува. Не можам да кажам кога ќе биде тоа, тој ќе одлучи.
-Младите тенисери со право го сметаат за мајстор и се уште се плашат од него. Со право, затоа што освои 24 грен слем титули. Не може да биде поинаку. Да се триумфира на еден е успех, замислете што значи да се победи онолку пати колку него, -заклучи Германецот.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија24 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет21 час
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)