Свет
Бејл: Тој е фаворит за „Златната топка“

Герет Бејл имаше значајни успеси во својата кариера, а најуспешниот период секако беше епизодата во Реал Мадрид каде беше дел од составот кој освои многу титули во сите натпреварувања.
Велшанецот имаше улога и беше стандарден првотимец, меѓутоа во ниту еден момент не беше блиску до освојување на „Златната топка“. Тоа е најпрестижното индивидуално признание во светот на фудбалот, награда која секогаш носи коментари, реакции, па така Бејл даде прогноза околу тоа кој е најблиску да биде крунисан за најдобар фидбалер.
Некогашниот ас на Тотенхем, Саутемптон и Лос Анџелес верува дека Усман Дембеле е во пол позиција да ја добие „Златната топка“ на Франс Фудбал.
-Да, така мислам. Мислам дека треба да се погледне и што освоиле тимовите. Мислам дека сите очигледно зборуваат за поединци, но мислам дека ако ги освојувате и тие трофеи, ја освојувате и Лигата на шампионите, очигледно тие ја освоија својата домашна тројна круна, ако повторно го освојат Светското клупско првенство, тешко е да се види некој друг од сезоната што ја имаше тој, а тој ги трансформираше во трофеи исто како и сезоната што ја имаше. Според мене, тоа го прави фаворит на некој начин, -порача Велшанецот.
Усман има учинок од 35 гола и 16 асистенции на 53 натпревари.
-
АТП22 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Италија2 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија4 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија5 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија22 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија21 час
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија4 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Италија3 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари