Англија
Бејл со јасна провокација: Горд сум на него, Тотенхем е секогаш многу подобар избор од Арсенал
Герет Бејл замина во клупска и репрезентативна пензија по крајот на Светското првенство во Катар, па сега како слободен човек кој ужива во своето време, начесто се занимава со играње голф.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Тотенхем знае како да се изолира и доста ретко се дрзнува да дава интервјуа за медиумите, но сега последното обраќање за „Скај Спортс“ го искористи за да испрати провокација до Арсенал.
Како верен член на Тотенхем, Бејл секако не чувствува симпатии кон лутиот ривал од Северен Лондон, па тоа го покажа и со изјавата која ја даде за својот сонародник Бренан Џонсон.
Тотенхем го купи Џонсон во последниот ден од летниот преоден рок за 55 милиони евра, а Бејл вели дека е горд на својот млад 22-годишен сонародник.
– Бренан сега ќе игра на највисоко ниво и за него граница е само небото. Мора да продолжи да напредува, да игра како што го прави тоа досега и сигурен сум дека ќе биде клучен за Тотенхем и Велс. Горд сум што го избра Тотенхем, тоа е многу подобар избор од Арсенал, – изјави Бејл.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон