Поврзете се со нас

Мото ГП

Бастијанини го истурка Мартин за победа на Мизано, Бањаја му подари подиум на Маркез (Видео)

Објавено

на

Хорхе Мартин пред две недели направи голема тактичка глупост на Мизано, а денеска на истата патека беше престигнат во последниот круг и остана без првото место.

Шпанскиот мотоциклист водеше речиси цела трка откако го мина Пеко Бањаја и зад себе го имаше Енеа Бастијанини, но домашниот возач дочека напад во последниот круг и со доста агресивен пристап успеа да го мине Мартин.

Иако беше на границите на дозволеното, стјуардите одлучија дека станува збор за чист потег од Бастијанини и така победата за големата награда на Емилија Ромања му припадна на Италијанецот, а со оваа одлука дефинитивно не се согласи Хорхе кој не го криеше незадоволството по крајот на трката.

Покрај Бастијанини и Мартин, последното место на пиедесталот му припадна на Марк Маркез, а тоа се случи откако Шпанецот доби огромен порадок од Бањаја.

Светскиот шампион притискаше да остане блиску до водечкиот двоец, но префорсира на седум круга пред крајот и доживеа пад во осмиот свиок.

На овој начин, Мартин ја зголеми предноста во генералниот пласман, Бањаја останува втор, додека по денешната победа трет е Бастијанини кој има еден бод повеќе од четвртопласираниот Маркез.

Историски гледано, ова беше јубилејна 100-та победа за Дукати како тим во Мото ГП, па затоа сите во црвениот табор посебно и се израдуваа на истата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни