Шпанија
Барселона спрема терен за шокантен трансфер во 2024 година
Шпанскиот шампион Барселона веќе некое време има проблеми кога се во прашање финансиите, а сето тоа комбинирано со строгите правила на Ла Лига придонесуваат каталонците да бидат доста тивки на пазарот кога е во прашање купување на играчи.
Имено Барса постојано бара играчи кои може да ги донесе без обештетување, играчи на кои им истекуваат договорите, па така клубот веќе размислува за потезите во 2024 година.
Според „Спорт“ актуелниот шпански првак може да направи еден изненадувачки трансфер, потег со ангажман на интернационалецот од Нигерија, Вилфред Ндиди.
Ндиди е член на англискиот второлигаш Лестер и неговиот договор истекува наредното лето, ситуација која Барса сака да ја искористи и го привлече на „Камп Ноу“. Ндиди има 26 години и ја покрива средината на теренот, поточно е последен играч за врска, позиција која е проблематична за клубот од Ла Лига по заминувањето на Бускетс.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија22 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет17 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…