Поврзете се со нас

Свет

Барселона се засили со центар кој има одиграно 263 натпревари во НБА лигата

Објавено

на

foto:www.fiba.basketball/olympics/men/2020

Барселона се обидува да создаде што подобра, поконкуретна екипа за сезоната 2024/2025, па така носи нови имиња, нова енергија со тоа што денеска беше потврдено уште едно засилување кое ќе треба да помогне во борбата под кошевите.

Имено каталонците постигнале договор за ангажман на репрезентативецот на Нигерија, Чимези Мецу. Мецу е роден од САД, живее и целата своја досегашна кариера таму ја има поминато, па така има одиграно 263 натпревари во НБА лигата за Сан Антонио Спарс, Сакраменто Кингс, Феникс Санс и Детроти Пистонс.

Тој освен што ќе треба да го заштити рекетот е играч кој знае и да погоди за три поени што секако ќе биде уште едно оружје во играта на Барселона.

Нигериецот е четврто засилување за шпанскиот клуб, претходно дојдоа Кевин Пантер, Џастин Андерсон и Хуан Нуњез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни