Евролига
Барселона немоќна без Миротиќ, Реал во победнички ритам (ВИДЕО)

Екипата на Барселона го претрпе третиот пораз на последните пет натпревари во Евролигата и тоа на гостувањето во Русија кај Уникс Казан со 70-64.
Каталонците за оваа средба не можеа да сметаат на својот лидер, најдобар играч и стрелец Никола Миротиќ, односно тоа отсуство не можеа да го покријат, надоместат со што му овозможија на Уникс да ја запиша првата победа против нив во историјата на ова натпреварување.
Двоецот Браун му пресуди на актуелниот европски вицешампион, Лоренцо даде 22 поени со 3 скока и 8 асистенции, Џон пак уфрли 20 со 4 скока, 1 асистенција и дури 7 украдени топки. Кога се во прашање гостите најсветла точка беше Хигинс со 17 кошеви.
Реал Мадрид пак влезе во одличен ритам и го запиша петтиот триумф во низа во Евролигата и тоа во Берлин кај Алба. „Кралевите“ славеа со 89-74 и тоа во средба на која ги преводеше плејмејкерот Ертел со 17 поени.
Ло за домашниот состав даде 20 поени.
На останатите дуели Зенит загуби од Монако (77-86), додека пак Фенербахче и Макаби Тел Авив славеа пред своите гледачи против Жалгирис и Олимпијакос.
-
Македонијапред 17 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 22 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 24 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Пиоли откри дека ги мотивирал играчите на Милан со легендарна изјава на Коби Брајант