Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ќе одмори од „Камп Ноу“: Каталонците ја известија Ла Лига дека наредната сезона ќе играат на друг стадион

Објавено

на

Барселона беше приморана да направи рефинансирања и комплетно да ја промени финасиската структура по доаѓањето на Жоан Лапорта на претседателската функција, но се чини дека најважниот потег од првиот човек на клубот следи во 2024-та година.

Човекот кој доби втора етапа како предводник на каталонската гордост смета дека за еден врвен фудбалски проект е многу важен и модерен стадион, поради што реши да пронајде спонзори и средства за целосно реновирање на „Камп Ноу“.

За да добие сериозна парична инјекција, Лапорта пред стартот на сезоната го промени името во „Спотифај Камп Ноу“, а спонзорскиот договор ќе му овозможи да се инвестира во ултра модерно издание од кое треба да се гордеат сите кои навиваат за Барселона.

По рецептот на Реал Мадрид и Флорентино Перез со „Сантијаго Бернабеу“, подмладување ќе добие и „Камп Ноу“, што значи дека Барселона наредната сезона ќе ја игра на друг стадион.

Клубот испратил соопштение до Ла Лига дека ќе одмори од „Камп Ноу“ поради градежните планови на стадионот, а во сезоната 2023-24 домашен стадион на каталонците ќе биде стадионот „Мунжуик“.

Исто така, Барселона побарала првите три натпрвари наредната сезона да ги игра на гостински терен, за играчите да имаат време за подолга аклиматизација на теренот кој ќе биде нивни домашен се додека не се создадат услови за игра на „Камп Ноу“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни