Поврзете се со нас

Балкан

Барселона и Севилја со специјални видеа го испратија Ракитиќ во пензија

Објавено

на

foto: x.com/AlShabab_EN

Иван Ракитиќ денеска со емотивно писмо до јавноста официјално потврди дека заминува во играчка пензија, но исто така најави дека секогаш ќе остане близок до фудбалот и дека ќе биде отворен за интересни идеи поврзани со овој спорт.

Хрватската фудбалска легенда ќе се памети по историските настапи за националниот тим, но и по брилијантните изданија кои ги имаше како член на Севилја, а потоа и Барселона.

Ракитиќ успеа да освои се што може да се освои на клупски план, вклучувајќи ги титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите со Барселона, како и оние во Лигата на Европа со Севилја.

Како последната сезона во кариерата ќе му се памети онаа во Хајдук од Сплит, клуб кој му овозможи за првпат да заигра за клуб од родната земја.

Поради сето фудбалско наследство кое го остави во Шпанија, денеска Барселона и Севилја не го заборавија и го испратија во пензија со специјални видеа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни