Репрезентација
Барди: Дај Боже Милевски да остане селектор, можеме да играме со секого!

Македонија со позитивен резултат против големата Англија (1-1) го заврши квалификацискиот циклус за пласман на европскиот шампионат кој наредната година ќе се одржи во Германија.
Нашите фудбалери се прикажаа во добро издание против „гордиот албион“ кој важеше за апсолутен фаворит, меѓутоа тоа не го потврди на теренот каде избраниците на Милевски гинеа за секоја топка на секој дел од теренот и заслужено останаа непоразени.
Стрелец на погодокот за Македонија беше Енис Барди кој смета дека оваа партија е доказ дека можеме со секого да се носиме и играме.
-Знаевме дека не очекува етежок натпревар против Англија, знаеме какви играчи имаат. Мислам дека во последниов натпревар оваа година одигравме заедно и со сите сили. Постојано зборуваме како треба да се игра за репрезентација, да се излезе на терен и се остави срцето. Така беше денеска кој го освоивме овој бод кој многу не радува. Една мала Македонија ремизира против Англија и мислам дека ова е знак за иднината. Мислам дека можеме против секој да се натпреваруваме, -рече Барди кој ги искометира оваа квалификации кои ги завршивме на четврото место во групата.
-Во оваа година паднавме психички и мислам дека клучот беше против Украина кога загубивме дома. Тоа ни го сруши моралот и потоа отидовме да играме против Англија и видовме што се случи. Сепак сега имаме повеќе искуство, знаеме кој што и како треба да изгледа на теренот за оваа репрезентација и јас секогаш велам дека овде има многу добри луѓе кои сакаат да си помогнат еден на друг и само така можеме да одиме напред, рече Енис кој се надева дека Милевски ќе остане да биде селектор.
-Со него направивме многу добри работи и во младата репрезентација и сега со сениорите. Добро се познавме добро и дај Боже да продолжиме да соработуваме заедно. Не ги знам деталите од неговиот договор само знам дека го почитувам многу и имам голем респект за него,-заклучи нашиот капитен.
-
Англијапред 22 часа
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Англијапред 15 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Атлетикапред 22 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 21 час
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Англијапред 16 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
НБАпред 23 часа
Каков потег на најстариот играч во лигата: Леброн изведе магична пируета, соиграчите се фаќаа за глава (ВИДЕО)
-
Англијапред 10 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи