Германија
Баерн возврати: Не го одобруваме соопштението на Флик, договоривме само едно
Ханс Дитер Флик вчера јавно соопшти дека доставил барање од клубот за раскин на договорот по крајот на сезоната, порака со која јасно стави до знаење дека неговата желба е да го напушти кормилото откако се создаде токсична атмосфера во европскиот шампион во последно време.
Недоразибрањето на релација Ханси Флик-Хасан Салихамиџиќ достигна степен преку кој не може да се мине без да останат последици, па тренерот реши прв да повлече потег и самостојно побара да се повлече. Иако пораката прво ја дознале одговорните лица на клубот и играчите на Баерн, Флик по вчерашната победа над Волфзбург процени дека е најдобро време оваа вест да стана е јавна, по што денеска следеше официјално соопштение од клупскиот врв.
– Вчера тренерот на Баерн, Ханси Флик, јавно ја објави својата желба за раскинување на договорот кој трае до јуни 2023-та година. Ханси Флик го информираше извршниот одбор на Баерн Минхен за оваа своја желба во текот на неделата која изминува.
– Флик и Баерн се договорија фокусот да се стави на натпреварите против Волфзбург, Леверкузен и Мајнц, со цел да не се наруши концентрацијата на целиот клуб во пресрет на овие три важни натпревари во битката за титулата.
– ФК Баерн не го одобрува едностраното соопштение од Флик и ќе ги продолжи разговорите со тренерот по натпрварот со Мајнц, онака како што се договоривме, – гласи соопштението, кое индиректно најавува дека клубот сака да преговара со Флик во обидот да го разубеди во својата првична одлука.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план