Европски купови
Бабиќ: За жал кај нас мерило се само резултатите, ќе дадеме се за да ја продолжиме позитивната низа
Еурофарм Пелистер е пред нов предизвик во Европската лига, дуел против унгарскиот преставник Татабања кого утре од 18:45 часот го пречекуваат во салата „Боро Чурлевски“.
Ова е дуел против тимот кого битолчани двапати славеа воо минатата сезона во истото ова натпреварување, меѓутоа ова е нов тест, нова кампања соо тоа што амбициите на Пелистер е да дојде до резултат со кој ќе ја продолжи позитивната серија.
Тренерот Жељко Бабиќ знае кој се добрите страни на противникот, но во исто време верува дека можат да дојдат до нови два бода.
-Новиот тренер на Татабања донесе нова енергија во тимот. Тоа може да се види и во нивните победи во последните натпревари. Можеме да очекуваме еден противник кој игра долг напад, трпеливо, кој има силна надворешна линија која долго време игра заедно. Противник кој е цврст во одбрана, кој добро трча, особено по левата страна и пред сè тим со одличен тренер на клупата. Типичен европски тим.
-Играчите имаат огромна желба, посветени се, фокусирани и спремни. Во спортот постојат добра форма и моменти во кои исто така работите, но резултатите се различни. За жал кај нас мерило се само резултатите, знам по себе и по другите колеги. Ние сите истоветно работиме, но понекогаш ќе испадне добро, а некогаш не. Задоволни сме и среќни од бодовите освоени на гостински терен, на добар пат сме, имаме добра ситуација и ќе дадеме сè од себе да оствариме победа и да ја продолжиме позитивната низа, порача Бабиќ.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план