Поврзете се со нас

Шпанија

Азар: Можам да кажам само три работи за Рамос!

Објавено

на

Еден Азар остава зад себе две ужасни сезони во Реал Мадрид и самиот е свесен за тоа, но белгиската ѕвезда која сега е максимално насочена на Европското првенство, се уште верува дека не го кажал последниот збор во шпанската престолнина.

Азар одговараше на новинарските прашања на денешниот прес пред третиот меч на Белгија на Европското првенство и нагласи дека се чувствува способен да одигра 50 или 55 минути, но најавата за мечот со Финска ја искористи за да ја искоментира и топ темата во Мадрид.

Серхио Рамос не го продолжи договорот со Реал Мадрид и стави крај на една незаборавна ера која траеше точно 16 години, а Азар како играч кој можеше одблиску да ги гледа квалитетите на капитенот во изминатите две сезони, го опиша стоперот со три комплименти.

– На Рамос му ја посакувам целата среќа на светот. Искрено, сакав да продолжам да играм со него, минав незаборавни две години со него.

– Можам да кажам три работи. Тој е лидер, мотиватор и еден од најдобрите дефанзивци во историјата на нашиот спорт. Се надевам дека ќе има среќа и голем успех во следниот клуб во кариерата, – изјави Азар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни