Италија
Атлетико го кочи трансферот на Кеан, операцијата влегува во критична фаза
Договорот меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид за трансфер на Моизе Кеан е комплетиран и досега требаше да биде реализиран, но последните информации од Италија и Шпанија откриваат зошто дошло до „ќор-сокак“ и во моментов нејасно е дали напаѓачот ќе излезе од истиот.
Според прогнозите, Кеан требаше да биде потврден како засилување за Атлетико уште вчеравече на „Метрополитано“, меѓутоа клубот од шпанската престолнина го одложил тоа поради резултатите од медицинските тестови.
Напаѓачот на Јувентус пристигнал повреден во Мадрид и во Атлетико не се целосно задоволни од лекарските прегледи, па во моментов целосната зделка е стопирана на неодредено време.
„Скај Спорт“ објаснува дека ова не значи дефинитивн пропаѓање на операцијата, туку едноставно Атлетико купува малку време, а можеби се обидува и да се „исценка“ за уште некој попуст.
Кеан нема одиграно ниту една минута за Јувентус од почетокот на месец декември минатата година, но иако имаше најава за подобри денови, сега повторно мора да чека конечна разврска на ситуацијата во последните 48 часа од зимскиот преоден рок.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон