Англија
Артета за гребаниците на Гвардиола: Знам колку е тешка и безмилосна нашата работа

Пеп Гвардиола го сврте вниманието на себе после најлошата серија во неговата тренерска кариера, но шокот кој го режираше Феенорд на „Итихад“ направи да видиме и незапаметени сцени кога е Шпанецот во прашање.
Гвардиола се појави на пресот со гребаници на главата и расекотина на носот, при што на новинарите им порача дека се самоповредил како резултат на нервоза.
Ова негово издание предизвика многу коментари во јавноста и дел од медиумите почнаа да се запрашуваат за психолошката состојба на менаџерот, кој сега доби поддршка од својот поранешен асистент, Микел Артета.
– Гребаниците на Гвардиола? Тоа е нешто лично и не би навлегувал детално. Јас како колега, можам да кажам дека чувствувам голема симпатија кон него. Знам колку е тешка и безмилосна нашата работа, знам колку може да биде сурова оваа индустрија и знам дека ќе му се суди само за резултатите.
– Луѓето треба да го затворат тој случај и да продолжат напред. Знам колку може да биде тешко, секој пораз е супер тежок за прифаќање на ова ниво. Не треба да се навраќаме на тој момент, да одиме напред бидејќи фудбалот секогаш ви нуди шанса на следниот меч, – вели Артета.
-
Италија17 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија19 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет16 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија19 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија12 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија11 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија10 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)