Поврзете се со нас

Англија

Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон

Објавено

на

Foto:x.com/RealBetis_en

По мирниот месец јуни и низа шпекулации за различни фудбалери, Арсенал тргна крајно поофанзивно во јули и веќе договори две засилувања за средниот ред, но како што јавуваат угледните британски медиуми, Микел Артета веќе има договорено и ѕвезда на Челси.

Кепа Аризабалага, Мартин Зубименди и Кристијан Норгард се фудбалерите со кои Артета веќе може да прави свои планови, а набрзо на таа листа треба да се придодаде и Нони Мадуеке.

Брзиот крилен напаѓач ќе го замени Челси со Арсенал за сума од 52 милиони фунти, но во период кога на големо се пишува за договорената зделка, на социјалните мрежи се појавија кампањи и петиции со кои навивачите на Арсенал се противат на овој трансфер.

Трендот „Не за Мадуеке“ е доста актуелен од страна на навивачите на Арсенал, а бидејќи се очекува операцијата да се комплетира и покрај негодувањата, со свој став сега се јави и Рио Фердинанд.

– Млад англиски фудбалер кој има 23 години се наоѓа во ситуација да доживува навреди, наместо да го слави трансферот вреден 50-тина милиони евра. Начинот на кој е третиран од страна на навивачите на Арсенал е вистинска срамота. Ставете се на негово место, или на место на неговите родители, замислете какво е тоа чувство.

– Во ред е фановите да не се согласуваат со потезите на клубот и со одлуките на трансфер пазарот, но начинот на кој се таргетира млад фудбалер за кој се потпишуваат и петиции е нешто што не можам да го разберам. Ова е навистина безобразно однесување, – изјави Фердинанд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни