Поврзете се со нас

ВТА

Анисимова и посвети уникатен говор на својата мајка по историскиот пораз во финалето на Вимблдон (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Аманда Анисимова имаше величествен пат до големото финале на Вимблдон, но за жал денеска едноставно не успеа да се справи со емоциите и тремата, но и со разиграната Ига Швјонтек која се прикажа во брутално издание.

Американката не освои ниту еден гејм во историското финале кое заврши со резултат 6:0 и 6:0, па така Анисимова стана првата тенисерка во Опен ерата која го завршила неделниот меч со „нула“ зад својата статистика.

Ова е болен пораз кој дефинитивно не го посакуваше ниту еден член од нејзиниот тим, но и покрај тоа, Аманда им се заблагодари на сите, а особено на својата мајка која допатувала од САД.

– Мојата мајка е најнесебичната личност која ја знам, таа направи се за да стигнам до тука во мојот живот, – изјави расплаканата Анисимова, која остана без својот татко на 17-годишна возраст (2019-та година).

– Ти благодарам што си тука и што го прекрши суеверието кое го имаш за летање. Дефинитивно не загубив поради тоа што леташе дотука, – додаде Анисиова, која успеа да се насмее после толку пролеани солзи.

– Среќна сум што го делам овој момент со тебе, среќна сум што си тука во живо. Знам дека веќе не можеш да ме гледаш често во живо како порано, а тоа е така бидејќи правиш се за мене и мојата сестра. Навистина многу те сакам, – и порача Аманда на својата мајка која исто така не ги криеше емоциите на трибините.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни