Поврзете се со нас

Европски првенства

Англија преку нова драма до полуфинале на Европското првенство

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Репрезентацијата на Англија успеа да избори пласман во полуфиналето на 17. Европско првенство кое се одржува во Германија.

На вечерашниот меч во Дизелдорф тие ја добија драматичната битка со Швајцарија која беше решена со удари од 11 метри. Англичаните одново се спасуваа во регуларниот дел, поточно со погодокот на Сака во 80 минута дојдоа до 1-1 и го одведоа дуелот во дополнителни 30 минути.

Тука Швајцарците беа поконретни, ама не дојде до промена на резултатот, па победникот мораше да се реши преку пенал рулетот.

Трагичар беше Аканџи кој во првата серија изведе навистина лош пенал кој го одрани Пикфорд, предност која потоа „гордиот албион“ ја задржа преку успешно изведените удари на Палмер, Белингам, Сака, Тони и Александер-Арнолд.

Противник на четата на Саутгејт во полуфиналето ќе биде подобриот од Холандија-Турција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни