Шпанија
Анчелоти: Последните „Ел Класико“ средби беа навистина чудни

Карло Анчелоти ја означи како „целосно непотребна“ завршната мешаница меѓу фудбалерите на Реал Мадрид и Мајорка, но истовремено, италијанскиот стручњак ги остави случувањата од теренот зад себе и веќе се насочува кон она што следи во недела.
Реал со победата од 3:0 се избори за нов пласман во финалето на Суперкупот, а навивачите во Саудиска Арабија дефинитивно го добија тоа што посакуваа, односно „Ел Класико“ завршница.
„Кралевите“ сигурно ќе имаат голем мотив за реванш откако загубија на првото овосезонски дуел со 0:4 на домашен терен, но Анчелоти потсети дека неодамна и Барселона беше таа која прими четири гола од Реал, и тоа токму во финалето на Суперкупот.
– Заслуживме да победиме против Мајорка и сега со мислите сме во финалето. Во недела играме против Барселона и ќе мора да одиграме добар меч во двата правци.
– Последните „Ел Класико“ средби беа навистина чудни. Во последно време, не може да се предвиди ништо на едно „Ел Класико“. Двапати не победија 0:4, но и ние ги победивме лани со 4:1 во Саудиска Арабија. Не знам што може да се очекува, јас само се надевам дека ќе бидеме подобри од Барселона, – изјавил Анчелоти, кој пред шпанските новинари одбил да го коментира прашањето поврзано за помилувањата на Дани Олмо и Пау Виктор, играчи кои довчера беа нерегистрирани, а кои сега ќе можат да настап во финалето.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет17 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)