Шпанија
Анчелоти му одговори на Чави: Не сум баш сигурен…..
Реал Мадрид сериозно се истроши на четвртфиналето против Манчестер Сити и имаше проблеми при составувањето на идеалниот тим на „Ел Класико“ дербито, но Карло Анчелоти повторно пронајде вистински рецепт за победа и остана горд на своите фудбалери.
Лукас Васкез прерасна во неочекуван херој и десниот бек учествуваше во сите три гола кои ги постигнаа „кралевите“, вклучувајќи го и оној последниот на Џуд Белингам за втор пресврт на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал победи со 3:2 и направи голем исчекор кон титулата во Ла Лига, а додека Чави тврдеше дека резултатот е неправеден и Барселона требала да освои три бода, Анчелоти мислеше нешто друго.
– Завршницата од дербито е она што ја прави разликата, би го издвоил посебно тој дел од мечот. Ова беше тежок натпревар за нас, беше израмнето и неизвесно, игрвме против ривал кој даде се од себе да ја врати неизвесноста во Ла Лига. Успеавме добро да се справиме во тешките ситуации, двапати се враќавме од негатива и со последните атоми на силите стигнавме до трет гол. Оваа седмица е незаборавна за нас, направивме овие неколку дена да бидат посебни за фановите.
– Многу сум горд на моите играчи, имавме многу тежок натпревар во среда и успеавме да покажеме истрајност. Сега пред нас е завршниот дел од сезоната, но се наоѓаме во многу добра позиција за големи работи. Имаме голема страст и голема желба, веруваме дека можеме да направиме нешто големо со поддршката од „Бернабеу“ во последниот месец од сезоната.
– Изјавата на Чави? Сега сме во најдобар дел од сезоната, откако имавме многу проблеми од самиот старт. Имавме многу физички проблеми, но одговоривме спектакуларрно. Не сум баш сигурен дека Барселона заслужи да победи, треба добро да се разгледа таквиот став….. Можеби најреално ќе беше реми, но на нас ни одговараше и ремито, – изјави Анчелоти.
– Секој има свое мислење и го почитувам тоа, но…… Можниот гол всушност не беше гол, топката не влезе во голот, а пеналот кој ни беше досуден беше чист. Ова беше натпревар од највисок карактер и презадоволен сум каква беше нашата реакција откако двапати бевме во негатива, – заврши Дон Карло.
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч