Шпанија
Анчелоти изненади со изјавата: Еден од тројцата отпишани може да остане во Реал!

Карло Анчелоти немаше потреба да прави длабока анализа на натпреварот кој го одиграа Реал Мадрид и Бетис, кој во најголем дел беше ревијален и на крајот заврши со најнепопуларните 0:0.
Фактот што натпреварот не носеше никакво резултатско значење направи двата тима да немаат преголем мотив за надигрување, па така пресмтката на „Бернабеу“ се претвори во проштална вечер за двајца фудбалери кои беа на теренот.
Иско Аларкон и Марсело најверојатно ги одиграа последните натпревари пред домашната публика, но ако Карло Анчелоти го потврди тоа за првиот, за вториот остави простор за преговори со клубот и изненади со својата изјава.
– Марсело се уште не се збогувал со нас, се уште останува наш капитен. Тој ќе биде наш капитен и лидер и во финалето во Париз. Ако на крајот стварно се збогува, тоа ќе значи дека си оди еден од најдобрите бекови во светот. Сепак, јас мислам дека Марсело преговара со клубот и може да се случи нешто, – изјави Анчелоти.
За разлика од Иско и Марсело, Бејл не беше дел од протоколот и не можеше да се збогува со домашната публика на „Бернабеу“, бидејќи тој со 100-процентна сигурност си оди по крајот на сезоната.
– Бејл сакаше да се збогува и сакаше да игра. Сепак, не беше подготвен за игра. Тој ќе има последна шанса да се одјави во финалето, мислам дека ќе биде подготвен за мечот со Ливерпул, – изјави Карло.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план