Англија
Аморим со добра најава: Големото летно засилување конечно може да дебитира

Манчестер Јунајтед го победи Евертон со 4:0 и на најдобар можен начин се подготвува за големото дерби кое следи, дуелот со разиграниот Арсенал на „Емирејтс“.
„Топчиите“ постигнаа 13 голови на последните три меча и во извонредно расположение го пречекуваат тимот кој од неодамна го води Рубен Аморим, тренер кој за дербито нема да може да смета на двајца стартери.
Лисандро Мартинез и Коби Маино сами се претцртаа со жолтите картони кои ги добија против Евертон, но Аморим по се изгледа добива нова опција во дефанзивата, откако Лени Јоро конечно е во ситуација да размислува за деби.
Големото летно засилување заработи непријатна повреда на метатарзалната коска за време на летната пресезона, па до овој момент нема дебитирано на официјален натпревар за Јунајтед.
Тоа може да се промени утре против Арсенал, нешто што беше најавено и од Аморим при обраќањето пред новинарите.
– Имаме уште една важна тренинг сесија пред нас, но многу веројатно е дека Јоро ќе биде во тимот. Чувствувам дека е во добар момент, фитнесот му е се подобар и мислам дека ќе биде дел од тимот кој ќе отпатува во Лондон.
– Не сме имале многу тренинзи заедно, тој тренираше со мала група на луѓе во последно време, но од тоа што го видовме, тој е многу брз и модерен дефанзивец кој е извонреден за вршење пресинг. Сметам дека се работи за специјален талент, но ќе мора да бидеме внимателни со него после повредата, – изјави Аморим, најавувајќи дека сепак ќе го дозира Јоро во оваа почетна фаза по санирањето на повредата.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план