Англија
Аморим си постави цел: Сака да и помогне на „загубената“ ѕвезда во Јунајтед

Рубен Аморим брзо сфати дека има многу работи за решавање и поправање во Манчестер Јунајтед, но една од неговите први цели како менаџер е да го врати Маркус Рашфорд во посакувана форма.
Англискиот напаѓач бележи ужасни 12 месеци и целосно потфрли на играчки план, па слабата форма направи да отпадне од списоците на англиската фудбалска репрезентација.
Рашфорд беше убедливо најдобар во првата сезона на Ерик Тен Хаг во која постигна дури 30 гола, но минатата забележа само осум, додека во моментов од стартот на сезоната има четири пгоодоци зад своето име.
Тоа се бројки кои не се достојни за напаѓач на Манчестер Јунајтед, па затоа Аморим му се нуди целосно за да му помогне и да го извади најдоброто од него.
– Ќе се обидам да му помогнам на Рашфорд. Централната напаѓачка позиција на која играше против Ипсвич не е најдобра за него, знаеме дека тој не е најдобар кога се бори со двајца големи стопери. Планот ни е да најдеме вистинско решение за него, но и за другите играчи.
– Сепак, тоа не можеме да го направиме сами. Прво и основно, тој е оној кој мора да сака да се врати во вистинска форма, а ние како стручен штаб сме тука за да му помогнеме. Тој е момче на Манчестер Јунајтед, но за да се врати во посакувана форма, тој е оној кој треба да истапи, – порачува Аморим.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…