Англија
Аморим посочи каде Јунајтед мора да се подобри: Можете да кажете дека сум наивен, но…

Рубен Аморим се подготвува за дебито на клупата на Манчестер Јунајтед кое ќе го има в недела на гостувањето кај Ипсвич во Премиер лигата.
Ова ќе биде првиот тест за Португалецот кој доаѓа во тежок, незгоден момент за клубот, ситуација која едноставно се повторува по заминувањето на легендарниот сер Алекс Фергусон. Одредени блесоци, многу проблеми, па Аморим дефинитивно го очекува тешка работа, меѓутоа тој верува дека е вистинскиот човек за оваа позиција.
-Не, се разбира дека не е невозможно. Наречете ме наивен, но верувам дека сум вистинскиот човек во вистинскиот момент. Навистина верувам дека сум вистинскиот човек. Навистина не знам кој е најголемиот предизвик, ќе дознаам овие месеци. Овде имавте различни типови на тренери, оние кои освоија сè како Ван Гал и Мурињо, новите кои го познаваа клубот одвнатре како [Оле Гунар] Солскјер, потоа еден од најдобрите надвор од најдобрите пет лиги во Тен Хаг. Мораме да се подобриме како клуб и признавме дека мора да победуваме. Имате различни тренери, исти резултати. Ќе се обидеме да го направиме на начинот на ИНЕОС, на мој начин.
-Малку сум сонувач и верувам во себе и верувам во клубот, мислам дека имаме иста идеја, ист начин на размислување и тоа може да помогне. Навистина верувам и во играчите. Мислам дека имаме простор за подобрување и сакам да испробувам нови работи. Вие момци мислите дека тоа не е возможно, јас мислам дека е можно, -порачува Аморим кој веќе знае кои се слабите страни на екипата.
-Мислам дека мораме да го подобриме физичкиот аспект на тимот. Мислам дека премногу често ја губиме топката, мораме да бидеме подобри во трчањето назад, мислам дека тоа им е јасно на сите и мислам дека треба да бидеме подобри за деталите. Мора да се подобриме со малите нешта. Во малите работи мислам дека можам многу да помогнам, -подвлече новиот стратег на премиерлигашот.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)