Поврзете се со нас

Македонија

Алонсо се збогуваше со Пелистер и Битола: Тоа што го доживеавме заедно беше навистина посебно…

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер ќе добие нов тренер во наредниов период и тоа откако досегашниот Раул Алонсо доби зелено светло да се врати во Германија поради семејни причини.

Шампионот ќе добие нов тренер: Раул Алонсо си замина од Пелистер!

Пелистер му излезе во пресрет на Шпанецот и го раскина договорот со него и останува да се види кој сега ќе седне на жешкото столче.

Во меѓувреме Алонсо ги искористи социјалните мрежи и се збогуваше со „зелено-белите“, навивачите и Битола.

-Има моменти во животот кои засекогаш остануваат во срцето, Денеска морам да ви соопштам дека прифаќам нов професионален предизвик и си заминувам од Пелистер. Оваа одлука беше тешка за мене, но на крајот е вистинската што треба да ја донесам и е заснована на семејни причини.

-Тоа што го доживеавме заедно беше нешто навистина посебно. Шампионската титула, нашето патување во Лигата на шампионите, еуфоријата во салата, вашата поддршка, неверојатни натпревари и моменти.

-Ви благодарам за секој момент на поддршка. Вие сте неверојатни, -порача Алонсо кој најверојатно ќе го преземе бундеслигашот Лајпциг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Raul Alonso (@raulonsos)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни