АТП
Алкарас подели неверојатни комплименти за Ѓоковиќ: Пробав да се борам со него, но……
Карлос Алкарас дебитираше на завршниот Мастерс на кој играат најдобрите осум тенисери и првиот меч нема да го памети по добро, бидејќи Александер Зверев му нанесе прв пораз во „црвената група“.
На денот кога Алкарас мораше да се помири со пресврт на Германецот, Новак Ѓоковиќ по осми пат во кариерата го подигна трофејот за најдобар тенисер во годината, трка која овојпат ја доби токму со младиот ривал од Шпанија.
Карлос не можеше да го следи темпото на Ноле во завршните неколку месеци и на крајот ќе се задоволи со второто место, па по поразот од Саша мораше да го коментира новото историско достигнување на Србинот.
– Нема дилеми дали Ноле заслужи или не. Секако дека заслужи да биде прв на крајот од годината. Освои три од четирите грен слем турнири и играше едно финале. Загуби само пет меча цела сезона, тоа што го прави е неверојатно. Слушнав дека кажал дека и покрај се, ова не е идеална сезона за него. Навистина е импресивно како размислува.
– Се борев со него за првото место и имав шанса на турнирите кои ги играв оваа есен, но не го искористив тоа. Се што можам да направам е да му честитам. Осми пат во кариерата ја заврши годината како најдобар на светот, тоа е неверојатно. Јас ќе се обидам повторно, следната година ќе се борам за такво достигнување, – изјави Алкарас.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план