АТП
Алкарас ја послушал незаборавната шампионка: Нејзиниот совет беше клуч за победата над Ѓоковиќ
Карлос Алкарас во неделата си го исполни својот животен сон и на само 20 години го освои Вимблдон, со што стана само третиот Шпанец по Сантана и Надал кој го освоил најпрестижниот турнир во светот.
Младиот Карлос ја прекина неверојатната доминација на Новак Ѓоковиќ и го спречи во налетот да стигне до петта титула во низа на Ол Ингланд клубот, а воедно му го нанесе првиот пораз на централниот терен после цели десет години.
Алкарас го направи тоа со агресивен и напаѓачки тенис и го доби трилерот во пет сета, а според него, еден од клучевите за успехот бил советот кој го послушал од легендарната Мартина Навратилова.
Деветкратната шампионка на Вимблдон за време на турнирот го советуваше Алкарас да користи повеќе „слајс“ и почесто да излегува на мрежа кога ги напаѓа ривалите, а Алкарас ги користеше токму овие оружја во финалето со Ѓоковиќ кое го доби со 3:2.
– Советот од Мартина навистина многу ми помогна. Ја видов веднаш по финалето и ѝ порачав дека нејзиниот совет беше клучен за да го победам Ѓоковиќ. Многу често ја сечев топката и играв слајс, направив се што ми предложи. Морав да ја послушам, таа е деветкратна шампионка на Вимблдон, мора да направите се што ќе ви каже како совет, – открива Алкарас.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија22 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)